Македонија добра дестинација за инвестирање

Bez autora
Oct 16 2014

Република Македонија е добра дестинација за инвестирање бидејќи нуди низа поволности за потенцијалните инвеститори и добра инфраструктура, оценија британските бизнисмени на бизнис-форумот што се одржа синоќа во Лондон на кој беа презентирани поволностите кои ги нуди земјата за странски инвестиции, а на кој се обрати претседателот на Владата, Никола Груевски. На форумот присуствуваа претставници на над стотина компании од различни области како финансискиот, услужниот, производствениот сектор, информатичката технологија и градежништвото. Kлас Смит Солбејкер, директор на компанијата Арбан Груп, која доаѓа од финансискиот и консалтинг сектор, изјави дека Македонија може да понуди многу интересни можности за инвестирање, особено во сферата на банкарството, инвестициските фондови или отворање оперативни претставништва во Македонија користејќи ги предностите во даночната и останатите сфери.

Македонија добра дестинација за инвестирањеРепублика Македонија е добра дестинација за инвестирање бидејќи нуди низа поволности за потенцијалните инвеститори и добра инфраструктура, оценија британските бизнисмени на бизнис-форумот што се одржа синоќа во Лондон на кој беа презентирани поволностите кои ги нуди земјата за странски инвестиции, а на кој се обрати претседателот на Владата, Никола Груевски.

На форумот присуствуваа претставници на над стотина компании од различни области како финансискиот, услужниот, производствениот сектор, информатичката технологија и градежништвото.

Kлас Смит Солбејкер, директор на компанијата Арбан Груп, која доаѓа од финансискиот и консалтинг сектор, изјави дека Македонија може да понуди многу интересни можности за инвестирање, особено во сферата на банкарството, инвестициските фондови или отворање оперативни претставништва во Македонија користејќи ги предностите во даночната и останатите сфери. Тој посочи дека македонската Влада овозможува за инвеститорите многу интересни поволности, но не само тоа туку и добра инфраструктура, што е одлично за отпочнување бизнис.

Премиерот Груевски во своето обраќање истакна дека македонската Влада е пријателски ориентирана кон инвеститорите и бизнисот.

- Работиме со инвеститорите за да ги слушнеме нивните барања, нивните проблеми и прашања кои им се важни и земајќи ги предвид најдобрите искуства од странство направивме многу промени, не само во легислативата, туку и во нејзината примена, спроведуваме реформи и на тој начин правиме напредок, изјави Груевски.

Тој истакна дека Владата е посветена и кон инвестиции во инфраструктурата и дека моментно се градат три нови автопати, железница кон Бугарија и паралелно се преземаат активности за процесот на гасификација.

На бинзис-форумот се обратија и членовите на владината делегација во чиј состав беа заменик-претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Горан Мицковски и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо.

Форумот во Лондон, кој се одржа во соработка со ФОРБС, е дел од заложбите на Владата непосредно да ги запознаат заинтересираните компании и инвеститори со потенцијалот кој го нуди македонската економија.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik